Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Кандидатите за градоначалник на Дебар посакаа достоинствена кампања, фер и демократски изборен ден

Кандидатите за градоначалник на Општина Дебар, на првиот ден од кампањата посакаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатите за градоначалник на Општина Дебар, на првиот ден од кампањата посакаа достоинствена кампања и фер и демократски изборен ден на кој, како што порачаа, „победници ќе бидат граѓаните за подобра иднина на сите”.

-Нашата визија е да изградиме Дебар со одржлив развој, модерна инфраструктура, дигитални општински услуги, младина што донесува одлуки, чиста животна средина и зелени површини. Општина што ја почитува родовата еднаквост, што е во постојана комуникација со граѓаните и што тесно соработува со невладини организации, културни и уметнички здруженија, спортски клубови и сите фактори во општеството. Очекувам демократска изборна кампања и изборен ден, за што се залагам, порача Илирјан Фетаху, кандидат на НАИ, кој кампањата ја води под слоганот “„Заедно за Дебар”.

Во пораката кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља,  наведува дека „Ова е важен момент за секој од нас, затоа што изборите се повеќе од формален процес – тие се нашата шанса да ја одредиме иднината на Дебар”.

Реклама

-Силно верувам дека политиката треба да биде во служба на луѓето и имам визија за општина која ќе се води со транспарентност, одговорност и љубов кон татковината. Оваа кампања ќе биде пример за достоинство и за нашата политичка култура. Изборите не треба да бидат поделби, туку можност да се слушнеме еден со друг, да ги споредиме идеите и да го избереме најдоброто за нашата иднина. Мојата порака е за слободни, чесни и демократски избори, каде секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и претставен, порача Меља, кој кампањата ја води под слоганот ” Промените вредат”.

Независниот кандидат Рамадан Имери, кампањата ја води под слоганот „Решение за Дебар, не празни ветувања”.

-Денеска изборната кампања официјално започна. Посакувам сите наши сограѓани да имаат можност да ги слушнат идеите и нашата развојна програма за Општина Дебар во четиригодишниот мандат. Ние сме отворени за вашите идеи, затоа што сакаме секој од вас да биде слушнат.  Само заедно можеме да му дадеме на Дебар тоа што навистина го заслужува. Ние имаме решенија за Дебар, а не празни зборови. Нашата кампања ќе биде позитивна а вие, почитувани мои сограѓани  бидете достоинствени, слушнете ги сите и дадете го гласот за подобар Дебар, за решенија а не за празни ветувања, зашто тоа го заслужуваме  сите, порачува Имери.