Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Манасиевски: Раководството на Левица го покажа вистинското лице, над два милиони денари ставиле во џеб

Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб. Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои како главни ликови од Левица, додека продаваат некаква скромност и неподмитливост во јавноста, си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на членот на ЦК Валентин Манасиевски.

Президиумот на Левица, односно луѓето кои се пратеници во македонското собрание, водат кампања против своите колеги за добивање законски средства на патни трошоци, а истите од својата партија си повлекуваат слични суми кои се налик на патни трошоци, во вредност над 2 милиони денари.

Дали Левица е политичка партија или сметководствено биро? Дали средствата кои ги добивале раководството на Левица, ги добивале затоа што се сметководители или затоа што земале партиски патни трошоци?

Реклама

Вистинскиот проблем е што тие се претставуваат како скромни, неподмитливи и народни. Не е проблемот во тоа што земаат средства од својата политичка партија, проблемот е што се дволични. Пред камерите едно, зад нив друго.

Лажното претставување на раководството на Левица е демаскирано. Левица се прочитани.