Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВРЕДИ: На 19 октомври ќе има јасен одговор на ДУИ и неговoтo лицемерие

ДУИ го претвори патриотизмот во покритие за корупцијата и своите кланови. Кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ го претвори патриотизмот во покритие за корупцијата и своите кланови. Кога Албанците од Липково пиеја вода полна со арсен, тендерите се броеја во џебовите на оние кои беа блиски со власта. Кога граѓаните очекуваа инвестиции и развој, нивната моќ се трансформираше во пазарење и злоупотреба, се вели во соопштението од ВРЕДИ. 

Денес, нивната реторика се користи како декор за да се прикрие срамот. Но, светот веќе ги знае. Артан Груби е срамот на црната листа на САД, фатен за поткуп и корупција. Неговата десна рака, Енвер Беџети, послужи за ослободување на Мијалков и заштита на кланот. Додека Перпарим Бајрами, на чело на Државната лотарија, е синоним за валкано пазарење, делејќи тендери како плен меѓу своите политички роднини.

Ова не се клевети, туку факти документирани од нашите меѓународни партнери. Патриотизмот на ДУИ е скината завеса што повеќе не може да ги покрие нивните крадци и предавства.

Реклама

Кога беа на власт, не им сметаше ниту Груевски ниту Мијалков. Денес, очајни, тие склучуваат договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партии, само за да ја спасат својата политичка кожа. Ова е лажниот патриотизам што Албанците го гледаат веќе 20 години.

На 19 октомври, Албанците ќе ја затворат ерата на лажниот патриотизам еднаш засекогаш.