Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Соравија, Лотарија РЕК Битола, ЕСМ – Големите случаи врзани за СДСМ и ДУИ, „тапкаат“ во место

Истрагите за Соравиа, криминалите во државна лотарија и бегалецот Груби, струмичкиот бизнисмен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагите за Соравиа, криминалите во државна лотарија и бегалецот Груби, струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов аферата „Прислушување“, тапкаат во место или, пак се движат, споро со брзина на желка. А за некои афери нема ни истрага, туку само проверки. Последниот скандал со прислушувањето од минатата власт, ни државниот обвинител Коцевски, ниту шефот за организиран криминал Абази, не мрднаа со прст.

За бегалецот и функционерот на ДУИ, Артан Груби, и криминалите во Државна лотарија, од Јавното обвинителство информираат дека истрагата е завршена, но понатаму не може ништо да се направи бидејќи осомничениот е бегалец.

Во тек е и финансиска истрага против осомничените. И покрај тоа што надлежниот јавен обвинител ги издаде сите потребни наредби за распишување домашни и меѓународни потерници за двајцата осомничени кои се во бегство, меѓу кои и лицето кое го наведувате, полициските органи се уште трагаат по нив и тие не се достапни за да може да продолжи кривичниот прогон, велат од Обвинителство за гонење на организиан криминал.

Реклама

Се водат истраги за луѓе блиски до врвот на ДУИ – СДСМ, но се далеку од судска разрешница. Ристо Крмзов, бизнисменот од Струмица и кумот на Заеви кој е под сомнение за тешки финансиски малверзации, издржува триесетдневен притвор во Шутка од јуни годинава.  Се уште тече рокот од 6 месеци за Обвинителството да му поднесе обвинение. Според обвинителството, заедно со него, приведени се вкупно 22 луѓе, од кои 8 се инспектори на УЈП, четворица се сметководители, а останатите се негови роднини и пријатели кои биле директори на неговите фирми. Тие се осомничени дека со фиктивни купопродажни договори земале поврат на ДДВ, кој не им следувал. Станува збор за криминал од нешто над 90 милиони евра. Освен притворот, судот му ги замрзна сите лични сметки и целиот имот на Крмзов, но и на неговите фирми.

За тендерите во РЕК Битола им се суди на 37 луѓе и фирми. Обвинетите на суд негираат дека направиле криминал вреден 6,5 милиони евра во државната компанија ЕСМ, со набавката на адитиви за Рек Битола, Рек Осломеј и Тец Неготино.

Една од истрагите којашто е далеку од завршница е и случајот со компанијата Пуцко Петрол  и за набавката на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО. Осомничениот Асмир Јахиски, синот на пратеникот од ДУИ – Асмир Јахоски излезе од притвор без да е завршена истрагата. Скопска апелација ја прифатила гаранцијата од над 2 милиони евра и му определи мерки на претпазливост. Во акцијата приведен е и Ратко Капушевски, исто така сопственик на компанија со бензиски пумпи.