Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Пренџов: СДСМ не може да најде кандидати за градоначалници, ДУИ  се занимава со меѓунационални теми, граѓаните не сакаат политички дебати туку конкретни решенија

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата 24 Анализа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Во својата реплика за време на дебатата на која учествуваа Фатмир Битиќи,пратеник во Собранието и поранешен министер за економија од СДСМ и Љупчо Балковски, поранешен пратеник во Собранието од ВМРО-Народна и поранешен министер за транспорт, Пренџов истакна дека опозициската СДСМ има проблем со пронаоѓање кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Пратеникот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ активно работи на конкретни проекти и развој на општините. Од друга страна пак, за опозициската ДУИ, Пренџов истакна дека се фокусира на меѓунационални теми, додека граѓаните сакаат конкретни решенија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Ние имаме состојба помеѓу две политички номенклатури, во која што онаа којашто е актуелна опозиција предводена од СДСМ, едноставно не може да најде луѓе коишто ќе се кандидираат за градоначалници на терен. Имаат сериозен проблем со наоѓање на луѓе кои што ќе бидат кандидати за градоначалници“, рече Пренџов.

Според него, да се прават споредби од страна на претставници на опозицијата со 2017 година не е потребно, важно е да се фокусира на иднината. Како што вели тој, граѓаните очекуваат решенија за секојдневните предизвици, а не реторика која е базирана на стари политички дебати.

Реклама

„Јас немам проблем никој да живее во 2017 година тоа е негов избор. Ние живееме сега и денес и ја проектираме иднината како ќе се случува. Жално е што некогаш огромната државотворна СДСМ на овие избори ќе се бори за неколку градоначалници“, рече Пренџов.

Пренџов истакна дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините активно реализираат конкретни проекти и инвестиции, и наброи неколку од нив, а додаде и дека се фокусираат на резултати и на идни планови. Според него разговорите треба да се водат за конкретни дела и развој на општините.  Тој додаде и дека да се биде  опозиција за ДУИ значи крај на светот, што не е вистинскиот пристап кон решавање на проблемите.

„На никого не му одговара да зборува за меѓунационални теми, бидејќи ние разговараме што сме направиле, до каде се конкретните проекти и што ќе правиме во иднина. Оние коишто се викаат Демократска унија за интеграција се оние коишто и во Собранието и во јавниот дискурс детерминираат теми како овие, тие сметаат дека уште првиот ден кога отидоа во опозиција, дека е крај на светот доколку тие не се власт“, заклучи Пренџов.