Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат

Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на СДСМ и ДУИ. Правосудниот систем никако не е располжен да донесе пресуда во корист на обичните граѓани, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија која е најблаго кажано скандалозна.

Зошто? Многу е јасно. За Пешевска заедно со уште неколкумина од Клиниката за онкологија имаше обвинение за, внимавајте, несовесно лекување пациенти. За делото за кое се товари Пешевска предвидена е казна затвор до три години. Пешевска, на рочиште пред Судот минатата недела рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата?! Внимавајте, докторката не е сигурна дека ја продолжила терапијата, бидејќи како што самата посочи, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо да ја земат терапијата и да не чекаат пациентите.

Реклама

Пешевска сакала демек пациентите да не чекаат, си го оставила печатот, а за последиците очигледно не размислувала ниту таа, а се покажува и дека Судот не е баш заинтересиран за судбината на пациентите.

Пешевска призна вина, а Судот со леснотија и изрече условна казна две година. Во превод тоа значи таа само не треба да стори друго кривично дело во период од две години, односно слободна е.

Докторката само призна вина, а Судот со леснотија речиси ја ослободи?!

Скандалозната одлука на надлежниот Суд говори за неправедна, произволна или заснована на надворешни влијанија одлука, влијанија евидентни подолг период. Или Судот не постапува на основа на закон и факти.

Судството со ова покажува дека е само маша на Венко Филипче и СДСМ.

Ова судство само ја поткопува јавната доверба во правосудниот систем и претставува сериозно кршење на принципите на правдата, еднаквоста и владеењето на правото.

Судството, воедно и обвинителството мора да се издигнат и да покажат дека постојат да им служат на граѓаните спроведувајќи закони, а не да служат на другарите на Зоран Заев, сега олицетворени во Филипче и уште неколкумина од раководството.