Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Манасиевски: Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски

Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точна, ако Мојсоска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точна, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера од Левица на прес-конференција, се излетаа и признаа дека информациите кои ги добивме од свиркачи во Левица, за средствата кои раководството си ги подигнувало од разни причини, се вистинити.

Сепак, денес сакаме да ја прашаме Мојсоска, која исто така се излета и изнесе информација дека била сметководител на Левица, дали знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски.

Реклама

Имено, во Законот за пратеници јасно е наведено:

– Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“

– Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“

– Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“

Со тоа станува јасно дека Јована Мојсоска, како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица.

Почитувани граѓани,

Додека на јавноста и се продаваат бајки за чесност, скромност и непоткупливост, зад завесата се инкасирале пари од партиската сметка, сметка која се полни директно од Буџетот на граѓаните.

Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит како сметководител на Левица.

Ова е вистината, од која Левица бега. Вакви луѓе како Мојсоска и Левица, не смеат да бидат дел од иднината и нема место за нив во политиката.

Мојсоска и Левица се прочитани.