Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека процесот на вработување на 150…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека процесот на вработување на 150 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово е при крај и не станува збор за неисполнето ветување, туку за процес што е започнат и е при крај.

– Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но, сите чекори за вработување на овие лица се завршени, освен потпишувањето на договорот и завршната средба со директорот. Ова е процес што веќе е во тек и не може да се поништи. Ниту министерот, ниту директорот не можат да одлучат да го откажат по локалните избори – едноставно тоа не е можно, рече Алиу во интервју за Алсат-М.

Сите кандидати биле тестирани и конечната листа била составена. Сега останувало само последната административна фаза, што вклучувала кратка средба со директорот и потоа потпишување на договорот.

Реклама

Министерот исто така најави дека покрај овие работни места што се во процес, ќе има и нови вработувања, поради големиот недостиг на кадар во здравствениот сектор во државава.

– Здравствениот сектор е еко-систем што се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри, технички кадар и лекари. Ние не можеме да го планираме буџетот врз основа на минатото, туку според реалните потреби. Во моментов го изработивме првиот нацрт-скен на состојбата и имаме две сценарија: институции со сериозен недостиг и институции со повеќе кадар отколку што е потребно, појасни министерот.

Министерството подготвувало внатрешна реорганизација за балансирање на медицинскиот кадар во согласност со потребите, како и за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на услугите.

– Ќе има реорганизација на услугите и кадарот. Ќе биде потребно време, но, целта е здравството да стане поквалитетно и потранспарентно. Со дигитализацијата како трета столбна точка на реформата, граѓаните ќе имаат пристап до информации во реално време за секоја услуга и процес – вклучително и случаите кога има доцнења или пречки, додаде Алиу.