Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Ќе се вештачи во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево

Објектот на компанијата Ф-Групација во Трубарево за рециклирање на електронски отпад и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објектот на компанијата Ф-Групација во Трубарево за рециклирање на електронски отпад и пластика, има важешка дозвола за отпад, издадена во 2021 од Министерството за животна средина, со потпис на тогашнатата министерка Каја Шукова. Истат е со важност до 2031 година. Во моментот акредитирани лабаратории ја мерат загаденоста на амбиенталниот воздух. Поставени се мерни станици кои во наредните неколку денови ќе дадат конкретни одговори на прашањето за штетноста по здравјето на луѓето, по она што изгоре во магацините-пластика и литиумски батерии. Министерот за животна средина Меџити, не откри детали околу првичните мерења ниту пак колкава кокличина е изгорена, посочувајќи дека таквите анализи се очекуваат во секој момент.  

„Во текот на надзорот беа извршени мерења од акредитирана лабраторија за животна средина Еуромак контрол од Скопје и поставен е 24-часовен мерач на квалитетот на амбиентниот воздух. Потоа направени се мерања од лабараторијата за животна средина при МЖСПП. На терен беше и посебна единица н АРМ за радиобиолошко и хемиско загадување која исто така направи мерња. Во текот на денешниот ден мерна станица ќе постави и акредитираната лабраторија Амбикон при УГД. Ќе изврши мерења во наредните 5 денови  со поставување на посебен станичен инструмент“, рече Меџити.

Меџити, посочи дека иако не присуствувал на вчерашната вонредна прес-конференција, тој бил во постојана координација со управувачкиот комитет, кој го предводи министерот за внатрешни работи. Борбата со огнената стихија траела 15 часови.  Брзат интервенција и пожртвуваност на пожарникарите спречиле огнот да зафати 3-4 објекти полни со балирана пластика, кои доколку се запалеле последиците би биле двојни.  Во гаснење на пожарот се вклучиле неколку БТР, пожарникари од соседните општини, како и хеликоптерите на АРМ и МВР и еден ер-трактор. Повеќе од половина од отпадот е затрупан со песок. На одредени места чадот од земјата се појавува во вид на гејзери., а добра околност е тоа што вчера густиот чад не паѓаше врз населението, туку се движеше нагоре. Тоа беше важно бидејќи имавме време да го евакуираме населението. Температурта вчера била над 500степени на околу десетици метри на земјата. Според Стојанче Ангелов, невозможно е пожарот да се самозапалил  според него ова е хибриден напад врз Владата, бидејќи во моментот имало неколку пожари истовремено

Реклама

„Веднаш побарав и од пилотот на ер-трактор да полета и да извиди најпрво дали има услови бидејќи се работеше за гранично место, на ивица на урбана населба да дејствува во насока на отсекување на пожарот, да спречиме негово ширење н соседните објекти, бидејќи да укажам наш голем успех е тоа што не дозволивме овој исклучително тежок пожар да се прошири и на соседните објекти кои ги има повеќе, вклучително неколку погони на индустриски објекти„ рече Стојанче Ангелов.

Во моментот нема лица кои доброволно се евакуирале во Центарот, истакна портпаролот на Владата посочувајки  дека оваа ктастрофална состојба што се случи е во нивниот фоукус и прават се за да  се санираат штетите.