Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс од тешката сообраќајна несреќа што се случи утринава на експресниот пат Штип-Радовиш, на мостот кај Балталиска Река, во близина на село Лакавица. Комбе со струмички регистарски таблички во кое се превезувале работници излета од мостот и заврши во провалија длабока неколку метри. Во комбето се превезувале работници од Непал, кои биле ангажирани од струмичка фирма.
Од тимот на итната медицинска помош, при штипскиот Здравен дом на лице место констатирале смрт кај двајца од петмината кои биле во комбето.
„Трето лице беше реанимирано со обид да се спаси, но безуспешно. Констатирана беше смрт и кај истотот. Четвртото лице со амбулантно возило беше директно пренесено во Клиничка болница-Штип. Му беше пружено прва помош, преврска на повредени рани и уште едното лице , односно возачот отпосле пријави повреди, при што повторно беше повикана екипата„ изјави д-р Никола Александров, раководител на Брза помош, Штип“, изјави -доктор Никола Александровски-раководител на Брза помош-Штип.

Во моментот и двајцата пациенти се хоспитализирани во штипската Клиничка болница и се надвор од животна опасност. Едниот е патник, странски државјанин на 24 години кај кој се детектирани скршеници на три ребра и е хоспитализиран на хируршкото одделение. Возачот по направените иследувања е примен на ортопедија во стабилна состојба со потрес на мозокот , скршеница на потколеница и скршеница на скапула
„Шоферот е здобиен со повреда на лактот, има расекотина. Има и повреда на потколеницата. Тоа беа видните повреди коишто беа нанесени „ изјави д-р Александров.
Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа е пријавена утринава во 8.13минути кога товарно возило фиат дукато со струмички регистарски таблички , сопственост на правно лице од Струмица , а управувано од 35годишен маж од село Иловица, излетало од мостот и завршило во коритотот на реката.
Јавен обвинител од Штип, изврши увид на местотот на насреќата во која животот го загубија тројца работници, кои според првичните информации се од Непал. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачање, а телата на починатите се дадени на обдукција.
