Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла имам решение на проблемот со депонијата

Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку е сериозна состојбата и колку е неконтролирано горењето отпад кое со денови го труе воздухот што го дишат жителите на Скопје, се посочува во соопштението од Каја Шукова кандидатката на СДСМ за градоначалничка на град Скопје.

Во изминативе 4 години власта на ВМРО-ДПНЕ несоодветно го третира отпадот на Дрсила, и тоа е причина зошо се случуваат пожари на депонијата. Таму не прават буквално ништо што подразбира соодветно третирање на отпадот. Што значи соодветен третман?

Отпадот се покрива со земја која се компактира односно пресува, со што се намалува волуменот на отпадот и најважно од се се истиснува кислородот, што е клучна причина за самозапалување.

Реклама

Процесот продолжува  со повторно покривање до запачеатување на отапдот што се третира, и се спречува да нема кисород и да нема влага. Тоа може да се прави или со земја или со глина. Во  близина на Дрсила има глина, која за жал  не се користи.

Паралелно не се третираат ни гасовите кои може да предизвикаат експлозија на депонијата, односно не се применува соодветен третман за контрола на гасови и нивно конторлирано палење за да се елеминираат.

Гасењето со вода дополнително отвара уште еден пробелем загадување на Маркова Река, бидејќи се што истекува од депонијата Дрисла се влева во реката.

Еве како треба да работат јавните претпријатија во Скопје. Но фактичката состојба покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неумее.  

Наместо заштита на граѓаните и соодветни решенија, најлесно е да се обвини СДСМ. Еднаш видовме неуспешна концесија за Дрисла,  сега нудат јавно приватно партнерство, од тоа само ВМРО ДПМНЕ ќе има бизнис и личен профит, а жителите на Скопје и понатаму ќе се трујат.  

Јас знам и имам план како да се воспостави систем за отпад и да се спречат вакви еколошки катастрофи. Моето решение предвидува соодветен третман но пред се намалување на количините на отпад, преку селектирање и реупотреба.  Дождт нема да ни го реши проблемот на Дрсила, без употреба на соодветни техники за управување со отпад.