Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 7 години беше одговорна за животната средина и не направи ништо, сега како кандидат за градоначалник на Скопје од СДСM повторно со празни ветувања

Нова предизборна кампања, СДСM и Шукова со истите празни ветувања и после…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова предизборна кампања, СДСM и Шукова со истите празни ветувања и после 7 години. СДСM, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух, Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух има можност и не направија ништо, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Каја Шукова поранешната министерка за животна средина и поранешна секретарка во истото министерство сега и како кандидат за градоначалник на СДСM за Скопје повторно со истата реторика и ветувања за средување на Вардариште и почист воздух за граѓаните.

Шукова да не ја потценува интелегенцијата на народот, граѓаните знаат дека Шукова е 20 години во Министерството за животна средина и државен секретар и ништо не направи, нула резулатати.

Реклама

Шукова за 20 години не направи ништо за Вардариште, како сега има повторно образ пред граѓаните како кандидат за градоначалник на СДСM за Скопје повторно исто да ветува и Вардариште да го користи како тема во кампања.

Во пракса СДСM преку Заев, Филипче и Шукова  беше 7 години на власт а проекти  и  резултати во животната средина се речиси ништо.

Колку за потсетување на јавноста токму во време на СДСM беа тргнати чуварските служби од Вардариште и Дрисла со што дополнително се влоши ситуацијата.

Граѓаните на Скопје заслужуваат проекти, работа и резултати а не празни зборови и популизам. ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски нудат вистински решенија, проекти и посветеност за поздрава животна средина.