Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Случај „Онкологија“: Потресно сведоштво на мајката на починатата Адријана — „Ќерка ми гледаше Господ во Нино, а тивко беше убиена со несоодветна терапија“

Ново рочиште во Кривичниот суд за случајот „Онкологија“. Сведочеше Јулија Мациевска, мајка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново рочиште во Кривичниот суд за случајот „Онкологија“. Сведочеше Јулија Мациевска, мајка на Адријана Начевска, млада пациентка која починала пред три години од канцер. Со солзи во очите, Мациевска ја опиша болната борба на ќерката и го обвини доктор Нино Васев за давање несоодветна терапија која, според неа, е главната причина за смртта на нејзината ќерка.

„Таа не умре од канцер на дојка, туку ја убија со хемија. Тоа беше тивко убиство“, рече Мациевска во судницата. Таа сведочеше дека нејзината ќерка првично добро реагирала на хемотерапијата, но состојбата нагло ѝ се влошила по воведувањето на имунотерапии, за кои не била доволно информирана. „Го молев докторот да ја прекине терапијата, но тој не уверуваше дека знае што прави“, изјави таа.

Мајката обвини дека не била земена предвид телесната тежина на пациентката при дозирање на терапиите, дека терапиите се менувале без објаснување и дека, и покрај очигледната влошена состојба, лекарите продолжиле со третманот. „Црниот дроб ѝ беше целосно оштетен. Доктор на гастро ми кажа дека станува збор за вештачки метастази од неадекватна терапија“, сведочеше Мациевска.

Реклама

Во сведочењето беше опишан и односот на доктор Нино Васев како ноншалантен и арогантен, иако тие во него гледале човек во бог и спасител. „Нино Васев, мртовладно се сликаше со нас и раскажуваше вицови, а моето дете умира. Тоа не е човечност“, додаде Мациевска. „Мене пари не ми требаат — јас го изгубив моето дете. Ќе бараме материјална оштета и ќе ја донирам. Се приклучувам и кон кривичниот прогон, затоа што знаел што прави, но некаде по пат докторот ја изгубил човечноста“, заврши мајката на младата Начевска.

Инаку, ова е второ рочиште за случајот „Онкологија“. На првото дојде до пресврт кога онкологот Пешевска призна вина и го впери прстот кон својот колега Никола Васев. Пешевска, заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија и уште двајца онколози, се обвинети за несоодветно лекување на пациенти. Тројцата тврдат дека не се виновни за „тешки дела против здравјето“ и „несовесно лекување“, со што, според обвинителството, биле загрозени 29 пациенти.