Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

🎥 Планови и визии за модерно Скопје – Најамбициозниот и најконкретен на Орце Ѓорѓиевски

Главниот град е пред ново изборно соочување. Скопјани повеќе од кога било…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот град е пред ново изборно соочување. Скопјани повеќе од кога било претходно, ќе ја бараат својата иднина. Загадувањето на воздухот, сообраќајот, автобускиот и јавен превоз, канализацијата, зеленилото, чистите улици, состојбата во училиштата и градинките, урбанизацијата – се темите што ќе ги решава следниот градоначалник на метрополата. Во трката за функцијата веќе се истакнуваат проекти, визии и ветувања. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најавува големи инфраструктурни зафати – довршување на клучките кај Момин Поток и Хиподром, изградба на нов мост кај Вардариште и трета лента на булевар „Александар Македонски“. Паралелно ветува нови паркови, културни сцени на Кале и Аквадуктот, но и чисто и зелено Скопје.

„Сум спремен по завршување на овие избори повторно да го воскреснам Скопје, односно Скопје да стане град достоинствен за сите граѓани, град без делби. Јас ќе останам достапен до сите граѓани“, изјави Орце Ѓорѓиевски – кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО ДПМНЕ.

Со сопствена визија настапува и кандидатката на СДСМ, Каја Шукова. Во фокус се стабилизирањето на јавниот превоз, современо уреден ЗОО-парк, 100 нови мурали за поубав град, но и чиста животна средина. Особен акцент таа става на решавањето на депонијата Вардариште.

Реклама

„Итно оградување и 24-часовен надзор на Вардариште, со расчистување и забрана за пристап. Потоа следи изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност. Вардариште ќе стане функционална, безбедна локација – а не еко-бомба под прозорите на скопјани“, изјава Каја Шукова – кандидат за градоначалнк на Скопје од СДСМ.

Меѓу кандидатите за Скопје се и оние од политичките партии на Левица Амар Мециновиќ, на ВРЕДИ Башким Бакиу и Скендер Реџепи од ДУИ, пред кои ќе стои предизвикот да докажат дека главниот град не е само уште една политичка арена. Со своја понуда ќе излезат пред скопјани и независните кандидати. Ване Цеков, Драган Николовски, Сашо Маневски, Горан Марковски, Сашо Панговски и Демир Исмаил ги доставија иницијативите за кандидати за градоначалник на Скопје. Деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, од движењето „Независни заедно“, алармира за состојбата во главниот град и повикува на промени. Тој најавува борба против загадувањето, функционален јавен превоз и зелен обрач околу градот.

„Скопје плаче. Скопје се гуши. Тоне во смет. Скопје се суши. На нашето Скопје му треба помош“, изјави Горан Марковски – кандидат за градоначалник на Скопје од „Независни заедно“.

Од „Слободни и независни“ пак настапува Владимир Куновски со план „Визија Скопје 2050“ – враќање на Заводот за урбанизам, нова територијална поделба и решавање на еколошките жаришта ОХИС, Рашче и Југохром.

Скопје е на крстопат – ќе продолжи ли по патот на делумни решенија, застој и депонии, како до сега со актуелната градоначалничка Арсовска, или ќе тргне кон модерна, функционална и зелена метропола? Главниот град и граѓаните ќе имаат можност да ја поправат грешката од пред четири години и да избираат меѓу понудите и визиите на кандидатите за нови клучки и мостови, културни фестивали, зелени паркови, систематски решен јавен превоз и чист воздух. Едно е сигурно – скопјани очекуваат град кој ќе ги обедини, ќе ги зачува и ќе им понуди достоинствен и квалитетен живот.