Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

СДСМ: Ако Мицкоски се плаши од декласификација зошто АНБ и Христовски не постапат веднаш?

Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесуваат ставовите од прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска

Со вчерашната изјава премиерот потврди дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен.

СДСМ уште еднаш прашува од каде толкав страв од објавувањето на содржината на материјалите од наводното следење?

Реклама

Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите?

Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу?

Дали овие документи содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби?

Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари?

Дали Христијан Мицкоски имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизаиција на државата?

Дали овие документи содржат наводи за нелегално финансирање на партијата, ВМРО-ДПМНЕ поврзано со „Делчевски ниви“?

Ако Христијан Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи го повикуваме директорот на АНБ, Бојан Христовски да го стори истото и да го стави државниот интерес пред интересот на партијата.