Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Девет првачиња во општина Пустец, едно повеќе од лани

Во новата 2025/2026 учебна година, што во Албанија почна денеска, за првпат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во новата 2025/2026 учебна година, што во Албанија почна денеска, за првпат во ученичка клупа, во општина Пустец, седнаа девет првачиња.

– Споредено со минатата учебна година имаме едно прваче повеќе. Од девет колку што се оваа учебна година, пет се во деветолетката во Пустец, останатите во другите населени места. Во предучилишното образование, вклучително и гимназијата, оваа учебна година имаме вкупно 115 ученици, изјави градоначалникот Пали Колефски.

Тој додаде дека на првиот училиштен ден, традиционално бил со учениците во деветолетката во Пустец и на учениците им посакал среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици.

Реклама

– На учениците и на нивните наставници им посакав добро здравје, среќа, успешен почеток и тек на наставно-образовниот процес во оваа учебна година. Посебни честитки до оние кои првпат седнуваат во ученичка клупа. Годината да биде исполнета со другарство, радост и успех. Нашите деца се иднината на општина Пустец и секој нивен чекор на патот на знаењето е чекор напред за целата наша заедница, рече Колефски.

Тој посочи дека како локална власт ќе продолжат да бидат секогаш до учениците и училиштата и да работат за подобри услови во образованието.

Општината некогаш имала над седум илјади жители, но, поради миграцијата, бројот на постојаните жители од година во година е сè помал. Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу пет илјади на 1887 жители и е меѓу четирите општини во Албанија со најголем пад на бројот на жители.