Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Крива Паланка свечено одбележан Денот на независноста

Денот на независноста, „8 Септември“, свечено беше одбележан во Крива Паланка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на независноста, „8 Септември“, свечено беше одбележан во Крива Паланка со положување цвеќе на спомен – бистата на паднатите борци од народноослободителната борба, пред зградата на локалната самоуправа.

Цвеќе положија делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, делегација од Советот на Општина Крива Паланка, предводена од претседателката, Изабела Павловска, делегации од општински јавни установи, подрачни единици на национални институции, од училиштата, сојузот на борци, од МВР и делегации од политички партии.

– Денес стоиме обединети под светлината на големиот празник, симбол на остварениот вековен идеал на македонскиот народ за самостојност и независност, чин што не е само политички, туку чин што ја претставува длабоката морална определба за зачувување на суверенитетот на македонската држава, што го отвори патот кон нови хоризонти. Низ годините ја градевме нашата државничка зрелост и го трасиравме патот кон подобро утре. Денес ги славиме заедништвото, одлучноста, храброста и визијата за иднината. Посакувам следниот „8 Септември“ да го славиме остварувањето на сонот на бројни генерации, заслуженото место на Македонија под европското сонце, порача во обраќањето градоначалникот Митовски.