Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

🎥 34 години независна Mакедонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија, изјави Киро Глигоров. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија, изјави Киро Глигоров.

По 34 години од овој свечен чин, односно изгласувањето независност на Република Македонија, денеска овој историски момент се одбележува со искра надеж за подобро утре која долго време беше згасната. Македонија во овие 34 години преживеа се и сешто. Но, да започнеме од она убавото, моментот кога Македонија стана независна.

На денешен ден пред 34 години, граѓаните на тогаш Социјалистичка Република Македонија изгласаа независност на Република Македонија. Ваквите резултати предизвикаа вистински делириум.

Реклама

По овој историски момент, за оваа Македонија следуваат тешки години. Во 1995 година на трети октомври се случи атентат врз претседателот Киро Глигоров. Во моменти додека сите во земјата беа преокупирани со неуспешниот обид за убиство на првиот човек на државата, во македонското Собрание, во кое тогаш владееше само една партија, во брза постапка се менува уставот, со цел промена на знамето, со што Македонија тогаш ги ослабна своите позиции во преговорите со Грција.

10 години по добивањето независност, Македонија ги доживува едни од најтешките моменти во својата историјата. Во државата се случи внатрешен воен конфликт, кој започна во јануари кога ОНА ги нападна безбедносните сили на Македонија.

Конфликтот заврши во август истата година откако беше потпишан Охридскиот договор.. се беше мирно се до 2019-та, кога волјата на Македонците изразена 91-та година на еден начин беше изневерена 28 години подоцна. И покрај неуспешниот референдум беше променето името на државата. Наместо потребните 50, излезноста беше 36,91 проценти. Гласот на граѓаните изразен преку бојкот на референдумот, беше срушен во Собранието. Република Македонија замина во историјата, се роди Северна.

Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија, рече тогашниот премиер Заев.

Македонија потпиша и договор за добрососедство со Бугарија, кој наместо да донесе добро, донесе само дипломатски проблеми за  државата. Повикувајќи се на потпишаното од Заев и Борисов, официјална Софија сега го условува напредокот на Македонија во евроинтеграциите. Се бараат големи отстапки од Македонија, кои пак за жал власта во тој период ги правеше.

На територија на регионална Македонија навистина живееле Македонци, кои зборувале македонски јазик, но живееле Бугари кои збореле бугарски јазик. Живееле луѓе кои што се чувствувале во исто време и Бугари и Македонци. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се и тоа е апсолутна реалност, изјави Заев.

Во годините кога владееше триото Заев, Ахмети и Ковачевски се донесе и проговарчка рамка, според јавноста, неповолна за Македонија, каде се задоволуваат апетитите на официјална Софија. Се усвои францускиот предлог.

По 34 години, Македонија се бори да излезе на вистинскиот пат, кој го замислуваа луѓето кога речиси едногласно изгласаа независност. Државата сега има променето име, се удира по нејзиниот јазик, идентитет, историски херои. Но, како и да е, Македонија е државата која сите ние ја сакаме, и наше е да се надеваме, дека наредните години ќе бидат многу подобри од годините кога според јавноста се ништеше се она што е македонско.