Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември,  Денот на независноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември,  Денот на независноста на Македонија. На овој историски  ден пред 34 години, македонскиот народ ја донесе најважната одлука, самостојно и слободно да ја гради својата иднина во независна и суверена држава. Денес оддаваме почит на храброста, единството и визијата на сите кои го трасираа патот на слободата и самостојноста, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, овој празник не е само потсетник на минатото, туку и обврска за иднината, да продолжиме со градење на силна и стабилна економија, со заштита на националниот идентитет и со создавање на услови младите да останат во својата татковина.

Со гордост денес го носиме македонското знаме и независноста ја градиме низ успесите што секојдневно ги постигнуваме, повисоки плати, нови работни места, инвестиции во домашната економија и подобар стандард за граѓаните.

Реклама

Нека овој ден не потсети дека силата на народот е во единството, а напредокот е возможен само ако сме  обединети со заеднички поглед кон иднината.

Да ја чуваме Македонија во нашите срца, во нашите дела и  мисли, затоа што таа е наш дом, наш идентитет и нашата вечна татковина.

Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!