Реклама

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Македонија

Мицкоски: Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, ова е нашата визија, тоа не се зборови, тоа се дела

Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево – Охрид, е силен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, се гради и се надминуваат долгите години на застој, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето на делницата Климештани-Охрид во должина од 17 километри, во близина на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле,

-Автопатот Кичево-Охрид, е од стратешко значење за нашата земја. Тој е главна артерија за поврзување на југозападна Македонија со остатокот од државата и со Охрид. Град кој не е само наш туристички бисер, туку и светско културно наследство. Со овој автопат Охрид и целиот регион добиваат нова енергија за развој, нови шанси за туризмот и нова перспектива за економијата. Со побрзо, полесно и побезбедно патување, овој автопат ќе донесе повеќе туристи, повеќе инвестиции и повеќе можности за локалната економија. Ќе се скрати времето на патување, ќе се олесни транспортот на стоки и услуги и ќе се отвори простор за нови бизниси и нови работни места, рече премиерот.

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, според него, речиси една деценија бил симбол на закочени и недовршени работи. 

Реклама

-Граѓаните со право беа разочарани. Гледаа градилишта кои стојат, а не патишта што се користат. За жал поради таквата слика голем дел од наште сограѓани и го оставија својот живот овде. Денес ја менуваме таа слика. Денес покажуваме дека таму каде што имаше застој има решение, таму каде што имаше недоверба има резултати, подвлече Мицкоски.

Оваа Влада, нагласи, не го троши времето на изговори, туку на работа.

-Oва е нашата визија, Македонија на дела, не на изговори. Ова е доказ дека можеме да го оставиме зад себе периодот на застој и да го отвориме патот на развојот. Ќе продолжиме вака да градиме да завршуваме почнати работи и да создаваме ноив перспективи за секој регион и за секој граѓанин, рече претседателот на Владата.

Тој потсети дека за година и половина оваа Влада ги ставила во употреба делниците Градско-Фариш од 25,7 километри,  Страцин – Крива Паланка од 25,5 километри, Врбјани – Ботун од околу 20 километри. 

-Тоа се 70 километри нови патишта и со оваа делница од Кичево до Охрид бројката ќе достигне 87,5 километри. И тоа за помалку од година и половина. Тоа не се зборови тоа се дела, додаде Мицкоски.

Според него, опозицијата ќе измислува невистини и ќе се обидат да конструираат многу работи за нанесување политичка штета на Владата.

– Но, ние немаме потреба да реплицираме на таквата политика на црни мисли, политика која ја турка Македонија назад. Ние ќе работиме ќе градиме за разлика од тие кои што беа влада на СДСМ и ДУИ, кои седум години не направија ништо и само крадеа. Тоа е суштинската разлика меѓу едната и другата влада, рече Мицкоски во обраќањето.