Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 18 повредени во пожарот во „Макпрогрес“: Четворица со изгореници на нозете, шестмина препратени во Скопје

Осумнаесет повредени и три изгорени магацини е билансот од синоќешниот голем пожар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумнаесет повредени и три изгорени магацини е билансот од синоќешниот голем пожар кој ја зафати фабриката за кондиторски производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. На повредените веднаш им била укажана лекарска помош – дел од нив завршиле со изгореници на нозете, а дел со инхалациони повреди од вдишување на премногу чад, но сите се во стабилна состојба, велат од кочанската болница.

„Едни се задржани во Кочани, додека другите се препратени на клиниките во Скопје. Сите повредени во пожарот што се примени во кочанската болница се во стабилна состојба. Дел од повредените имаат изгоренции на нозете, а дел инхалациони повреди од вдишување чад. Петмина од повредените, се наоѓаат на одделението за хирургија, од кои кај четворица се констатирани изгореници на нозете од прв и втор степен“, изјави Оливера Цимбаљевиќ раководителката на одделението за анестезиологија и реанимација во Општата болница во Кочани.  

Неколкумина од пожарникарите се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер. Градоначалникот на Виница, Миле Петков, изјави дека меѓу повредените покрај пожарникари, имало и доброволци и вработени во фабриката, но, дека сите се во добра здравствена состојба.

Реклама

Причините за пожарот, допрва треба да се утврдат. Огнот зафатил површина од 5000 метри квадратни. Најпрво изгореле погоните 6, 7 и 8, а потоа и други делови од фабриката. Сите имале фото волтаици на кровот. Од Стопанската комора уште синоќа се вклучија во помагање на гаснењето на пожарот во фабриката на компанијата која е нивна членка. Оттаму најавија и формирање на кризен штаб за поддршка на компанијата која важи за еден од поголемите извозници.