Влијание во динамиката на развојот секако дека има и авиосообраќајот, во кој се случува бум откако владата ја стартуваше новата стратегија за поддршка на овој сектор. Од двата македонски аеродрома имаме избор за директни летови како никогаш досега. Понудата е голема, а во целиот процес предничи унгарски Визер, чии планови за Македонија се амбициозни. Извршниот директор на визер Џозеф Варади вели дека една од клучните заложби е политиката на цени, понудата да биде стабилна и поволна.