Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП од 3,4 отсто во вториот квартал, градежништвото порасна за 7,3, а транспорт и складирање за 6 отсто, одговорните политики на Владата даваат резултати

Економијата се стабилизираше, запрен е слободниот пад и економскиот пустош наследен од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата се стабилизираше, запрен е слободниот пад и економскиот пустош наследен од СДСM.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Четири квартали последователно, македонската економија расте со три или над 3%. Во второто тримесечје од годинава, Бруто домашниот производ во Македонија порасна за 3,4%, додека градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели развојот со раст од 7,3% и 6%.

Реклама

Сето ова резултира и со отворање повеќе и подобро платени работни места и намалување на невработеноста. Имено, во вториот квартал годинава, споредено со истиот период лани, стапката на невработеност е намалена на 11,5%, односно еден процент помалку.

Преточени во бројки овие проценти значат дека денес имаме околу 10.000 нови вработени и за седум илјади помалку невработени.

Позитивни резултати има и кај надворешната трговска размена, така што во јули извозот порасна за 4,69%, додека во периодот од јануари до јули извозот е зголемен за 5,41%.

Ова не се само статистички проценти, туку реални резултати на одговорни и добро проектирани мерки и политики кои значат подобри услови за економијата, повеќе работни места и подобар живот за граѓаните.

Овие податоци се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ знае, сака и умее со посветена и чесна работа да покаже резултати во интерес и за подобар живот на сите.