Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Мицкоски: Македонија оди напред – повеќе работни места, раст на трговската размена и стабилна економија

Македонската економија расте, невработеноста се намалува. Последните податоци од Државниот завод за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија расте, невработеноста се намалува. Последните податоци од Државниот завод за статистика обелоденуваат позитивни трендови во сите дејности. Она што охрабрува е што бруто домашниот производ во вториот квартал годинава е зголемен за 3,4% во однос на истиот период во 2024 година. Дополнително, невработеноста е намалена и сега изнесува 11,5% што е за 1% помалку во однос на истиот квартал лани.

„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“, објави премиерот на Владата, Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски, повикувајќи се на најновите податоци за пазарот на труд, вели дека политиките на власта ја стабилизираат економијата. Потенцира дека бројките го потврдуваат она за кое владата се залага – стабилна економија која оди напред, повеќе работа за граѓаните и раст на трговската размена.

Реклама

Телоп: Христијан Мицкоски премиер на Македонија

„Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69%, додека увозот за 4,35%. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41%, а увозот за 4,83%“, објави премиерот на Владата, Христијан Мицкоски..

Дополнително, вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07% во однос на истиот период минатата година. Мицкоски нагласува дека Македонија економски се развива преку одговорни политики во услови кога опозицијата, како што вели, шири црнила и се надева на неуспех. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој, порача Мицкоски.