Реклама
Прилози

🎥 „Безбеден град“ стартува од 1 јануари

Нема повеќе да се толерираат бесните возачи по улиците низ Македонија. Секој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повеќе да се толерираат бесните возачи по улиците низ Македонија. Секој кој го прекршил законот ќе биде санкциониран. Министерот Панче Тошковски најави дека со проектот „Сејф Сити“, не е целта да се пишуваат казни и да се полни буџетот, туку да се спасат човечки животи и да се подигне свеста и сообраќајната култура кај граѓаните на повисоко ниво. Пред да биде ставен во функција, ќе има месец дена пробен период во кој граѓаните прво ќе бидат предупредувани за секој сторен прекршок, а потоа доколку повторно законите не се почитуваат ќе има казни. Во интервјуто за МИА, Тошковски вели дека се потребни уште неколку законски измени за од 1 јануари 2026 година проектот биде ставен целосно во функција.

Во рамки на собраниска процедура е влезен Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така во процедура е влезен Закон за прекршоци, којшто директно е поврзан со имплементација на „Безбеден град“ и во иднина безбедна држава. Понатаму ќе следат Кривичниот законик, Законот за извршување на санкции. Од 1.1. 2025 година, со измената на Правилникот во однос на регистрирање на моторни возила, се отпочна со процес на собирање на сите потребни податоци и информации коишто се поврзани со сопственикот на возилото“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Казни ќе има и за несовесните пешаци и возачи на тротинети. Задолжително ќе биде носење на кацига додека се вози тротинет и мотор. Нема да може да се користат мобилни телефони додека се поминува на семафори на улица, а ќе биде дозволено да се носи само една слушалка на уво. Ова како што вели Тошковски има за цел да ја зголеми безбедноста на граѓаните и намали бројот на незгоди по улиците. Во клиниките низ Скопје секојдневно докторите имаат има по пет, шест интервенции на скршеници на рацете од паѓање од тротинети и тоа најчесто станува збор за малолетници. И самиот Тошковски објасни дека можел да биде жртва на ваква слична незгода.

Реклама

Само што не ме згази еден возач на електричен тротинет. Мислам дека беа дечиња, две малолетни лица на тротинет. Прво не смеат две лица да се возат на тротинет, ниту согласно сегашната регулатива. Ниту едното, ниту другото имаа кацига на нив, ниту едното, ниту другото беа обележени. И сега имаме регулатива којашто е поврзана со управување на тротинетите, која за жал не дава резултати. Планирани се измени и во овој дел, усогласување во дел со регулативите коишто се применливи во рамки на ЕУ. Дадовме простор малку подетално да навлеземе во консултација со експерти, во консултација со професорската фела, за да видиме како сето тоа се применува во рамки на одредени земји од ЕУ. И мораме и во оваа насока да ја заостриме регулативата се со цел сите наши граѓани да се чувствуваат побезбедно по македонските улици“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Бројките се поразителни. Само лани во сообраќајни незгоди во државава загинале 142 лица. Во споредба со Скандинавксите држави каде годишно има по 30 смртни случаи, во Македонија во просек гинат помеѓу 75 и 80 жители на еден милион, односно 40 до 50 пати повеќе.