Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Азески: Поддржуваме секоја иницијатива и напредок за зголемување на бруто-домашниот производ во државата

Македонските бизнисмени се охрабрени од најновите статистички податоци. Од Стопанската комора велат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските бизнисмени се охрабрени од најновите статистички податоци. Од Стопанската комора велат дека растот на економијата од 3.4% во вториот квартал е солиден сигнал кој укажува на позитивни трендови. Сепак, сметаат дека за да продолжи ваквиот тренд потребна е континуирана поддршка од државата и одржување на економската стабилност.

„Јас многу пати сум истакнал досега и сега кажувам дека нас ни е потребна цел, таа цел ја гледам во раст на БДП- то затоа што нема други индикатори кои можат да укажат дека има платформа и има цел кон која се движиш. Јас верувам и сум верувал цел живот во три работи, да имаш јасна цел пред себе, да имаш луѓе кои можат да го остварат зад тебе и да имаш пари. И сите влади кои што се и нашата влада да делуваат во функција на остварување на предвидлив деловен амбиент и на избегнување на секакви сукоби што ја ништат екониомијата било да се работи за домашната или меѓународната“, изјави Бранко Азевски – претседател на Стопанска комора.

За економскиот раст да продолжи па и да засили бизнимените сугерираат државата да работи на создавањепредвидлив деловен амбиент преку долгорочна стратегија.

Реклама

„Ние ќе поддржиме секаква инцијатива која оди во тој правец, ние знаеме што значи да направиш таков раст и дека е потребен деловен амбиент и дека се потребни услови во регионот кој нема да ѕвечка оружјето, него ќе бидат поставени на ниво на борба на конкурентска стока и услуги на меѓународниот пазар и ние сакаме тоа да го оствариме на таков начин“, изјави Бранко Азевски – претседател на Стопанска комора.

Според последните податоци на Државната статистика растот на БДП во вториот квартал годинава во споредба со истиот период лани бил 3.4%. Предводи градежништво со раст од 7.3 %, по што следуваат трговијата и сервисните дејности со раст од 6.0 %. Преработувачката индустирја која е еден од најважните индикатори, има раст од 4.3%, а рударството од 3.9%.

Позитивен податок има и кај трговската размена – со 9.1 однсно 8.0% извозот расте побргу од увозот со што се намалува трговскиот дефицит. Според податоците на Европската Статистичка Агенција, „Евростат“, во овој период Македонија освартила трет најдобар раст, заедно со Хрватска, а на целиот континент пред нас се само Ирска и Кипар.