Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Обвинение и за реалниот сопственик на „Рубикон“, за катастрофалниот пожар ќе одговараат 35 луѓе и три фирми

Александар Нацев, реалниот сопственик на фирмата за обезбедување „Рубикон“ ќе одговара за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Нацев, реалниот сопственик на фирмата за обезбедување „Рубикон“ ќе одговара за трагедијата во Кочани. Обвинителството му поднесе обвинение и го товари за тешки дела против општата сигурност бидејќи тој заедно со повеќе обвинети не презел мерки за заштита на објекотот и поради тоа, загинаа 62-ца. Според доказите, тројца од вработените во агенцијата на Нацев, биле распоредени на кобниот ден на вратата во дискотеката, пропуштале малолетници, а и ѝм дозволиле да се задржат внатре и после полноќ, а не извршиле ниту проценка за безбедност на дискотеката. Како што информираат од Обвинителството од септември 2022-ра до денот на пожарот, како сопственик на агенцијата во Скопје и Кочани, издавал наредби и раководел заедно со обвинетиот управител. По трагедијата Нацев, се обидел да регистрира нова агенција во Струмица.

„Обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице“, информираат од Јавното обвинителство.

Александар Нацев судењето ќе го чека во домашен притвор. Во меѓувреме, обвинението за останатите 34-рица како и трите обвинети фирми чека на оценка во Кривичниот суд. Бидејќи беше поднесено за време на летните одмори, а и заради големиот број на обвинети, оттаму информираа дека оценката може да се случи дури и по три месеци како што било случај и со други вакви комплицирани обвиненија.

Реклама

Откако ќе биде оценето треба да биде распоредено кај судија според АКМИС системот, но оглед на досегашната динамика, судењето може и да не почне до крајот на годината.

Во обвинението се опфатени газдата на „Пулс“, неговиот брат, обезбедувањето што пропуштало малолетници, поранешни министри, директори, инспектори кои не вршале контроли, како и проектантката што индустрискиот објект го претворила во дискотека.

На 16 март годинава во кочанската дискотека на настапот на бендот ДНК, во пожар загинаа 62-ца млади луѓе. Најмладиот имаше 16 години. Според истрагата пожарот настанал од палењето на пиротехниката на ДНК. Дискотеката била претесна за големата публика, а функционирала само главната врата, досека останатите биле затворени. Паничното стампедо и димот придонесле за бројот на жртвите.