Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Чилиманов: СДСМ и се додворува на меѓународната заедница, дека сѐ ќе испорачаат само да дојдат на власт

Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија којашто лидерот на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија којашто лидерот на СДСМ Венко Филипче веќе денови ја најавува без да ја каже содржината има позадина и цел што социјалдемократите сакаат да ја постигнат, а во суштина да не направат ништо. Дел од политичките аналитичари во желбата на Филипче за единство во Собранието за линиите со источниот сосед препознаваат желба за вовлекување на ВМРО ДПМНЕ во истата каша во која се и самите тие бидејќи направија се што Бугарија сакаше, но и предизборно додворување кај меѓународниот фактор. Цветин Чилиманов ги анализира намерите на СДСМ со поднесувањето на резолуцијата во Собранието. Според него, социјалдемократите испраќаат сигнали до меѓународната заедница, дека тие се тука ои ќе испорачаат се што треба, само да се вратат на власт.

Инаку, Филипче не знае што ќе се случи со преговорите, ако Македонија попушти и ги внесе Бугарите во Уставот, а притоа се соочи со ново бугарско вето. Тој не одговори, дали Македонија ќе треба да се откаже од преговорите и што ќе постигнеме ако бадијала ги направиме уставните измени.

Филипче како што кажа, ја разбирал грижата на граѓаните за можноста од нови бугарски уцени, но сепак смета дека поттребно е единство во Парламентот за ова прашање.

Реклама

Софискиот парламент досега донесе неколку резолуции за билатералното прашање со Македонија. Последната е од мај годинава. Официјална Софија порача – Ннма да отстапиме ниту сантиметар од договореното.

Со 194 гласа ЗА, пратениците во народното собрание во Бугарија изгласаа документ каде стои дека се неприфатливи „сите обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на елементи од постигнатите договори “.

Со овој документ, бугарскиот парламент цврсто застана зад компромисот од јули 2022, а покрај уставните измени, се потенцира и говор на омраза кон Бугарите и се бара Македонија да го имплементира акцискиот план за заштита на малцинствата, заклучно преговарачката рамка.