Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Се шири списокот на кандидати за градоначалник на Скопје – „Независни заедно“ ќе одат со деканот на Градежниот факултет

Седуммина кандидати во трката за градоначалник на Град Скопје. Покрај Орце Ѓорѓиевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седуммина кандидати во трката за градоначалник на Град Скопје. Покрај Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица, Башким Бакиу од ВРЕДИ, Скендер Реџепи Зејд од Европскиот Фронт и Александар Рашковиќ поддржан од ТМРО, денеска во трката за татко на градот, се приклучи и кандидатот на „Независните“, деканот на Градежниот факултет Горан Марковски.

Листата за нови кандидати може да се зголеми, по соломонското решение во правилникот на ДИК со кое се олесни учеството на граѓаните и граѓанските иницијативи на изборниот процес, односно секој може да се кандидира со само два потписи. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓиевски во својата визија за Скопје, вети дека приоритет ќе му бидат решавањето на проблемите со јавната хигиена и градскиот превоз, како и тоа дека Скопје ќе стане потранспарентно и побезбедно место за живеење.

Неговата противкандидатка од СДСМ, Шукова, пак со малку поинаква визија, вети дека ќе биде градоначланичка за сите скопјани, без разлика на нивната етничка и партиска припадност. Во трката за татко на Градот, од денеска им се приклучи и кандидатот на Независните, Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски.

Реклама

Професорот кој е поддржан од платформата составена од шанса за Центар, „Зелените за Гази Баба“ и „Групацијата 389“, на денешната промоција, вети дека ќе се залага за модерен и хуман град кој ќе го управува со целата негова стручност и интегритет.

Досегашната негрижа за загадувањето на Скопје, за проблемот со водоснабдување малку им помага на кандидатите кои можат веднаш да кажат кои се главните приоритетите на Скопје. Ние, за жал, немаме можност да говориме за некои високи приоритети. Ние треба да зборуваме за опстанок. Значи загадувањето на Скопје е проблем број е еден и тема број еден што треба да се реши. Но, не декларативно. Тоа е разлика помеѓу инжињерите и другите. Инжињерите имаат задача и чуствуваат одговорност проблемите да ги решат, не само да ги детектираат. Значи ние решаваме проблеми“, рече деканот на Градежен факултет и кандидат за градоначалник на „Независните заедно“, Горан Марковски

Од „Независни заедно“ порачаа дека професор Марковски е личност со докажан професионален интегритет и долгогодишно искуство, кој зад себе има голем број реализирани проекти и генерации воспитани инженери.

Досега има седумина кандидати за градоначлник на Скопје, од кои шестмина се партиски, а еден е независен. За сите досегашни кандидати фокусот е чисти улици и воздух, средување на сообраќајниот хаос и повеќе зеленило.