Османи вели дека тврдењата на Вреди се резултат на паника поради анкетите кои покажуваат дека разликата меѓу него и Меџити е 10 отсто. Според Османи, обвинувањата што се однесуваат на неговиот мандат како министер веќе се испитани од надлежните институции. Тој додаде дека немало ревизија за Самитот на ОБСЕ, туку за Спортскиот центар „Борис Трајковски“, и тоа во врска со тоа како центарот ја прифатил опремата.