Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Османи под лупа на Обвинителството: Отворен предмет за ревизорскиот извештај кој го опфаќа и милионскиот самит на ОБСЕ

Обвинителството ќе го чешла Бујар Османи и неговата организација на фамозниот самит…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството ќе го чешла Бујар Османи и неговата организација на фамозниот самит на ОБСЕ. Тие отвориле предмет во врска со ревизорскиот извештај за работењето на јавното претрпијатие кое стопанисува и со салата „Борис Трајковски„, во кој, меѓудругото, се содржани и забелешките дека МНР и Османи не поднеле никакви документи и докази, односно нема трага каде и за што се потрошени цели 2 милиони евра народни пари, ниту каде е опремата која требаше да остане во наследство во салата.

„Во однос на извештајот за Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во 2023 година, истиот е доставен до обвинителството и во јуни 2025 година е испратен на надлежно постапување во ОЈО Скопје. Оформен е предмет и се преземаат дејствија за проверка на наводите“, велат од Основното јавно обвинителство.

Во споменатиот ревизорски извештај, во делот на работењето на салата „Борис Трајковски„ и организацијата на самиторт на ОБСЕ стои дека нема никаква евиденција што добил спортско-рекреативниот центар од тендерите на Министерството за надворешни работи за негово доуредување за прием на делегациите од Состанокот на ОБСЕ што се одржа во Скопје во 2023.

Реклама

„По претходно спроведени постапки за доделување на договори за јавни набавки МНР склучило неколку договори со вкупна вредност од 124.234 илјади денари. Со ревизијата утврдено е дека не се доставени записници од МНР за потврдување на изведените работи и инсталирани добра и ствари кои останале во владение на друштвото. Исто така, не е постапено по одредбите од склучениот договор за соработка помеѓу двете институции“, се вели во ревизорскиот извештај.

Уште од почетокот, организацијата на самитот на ОБСЕ беше контроверзна пред се, поради ангажирањето на омилемната фирма на ДУИ, Еуровиа за изведувањето на сите работи. Целата организација на самитот ги чинеше граѓаните цели 5 милиони евра. Компанијата, што е и на листата на донароти на ДУИ требаше да го изнајмат мебелот, електричната опрема и да ги реновираа ѕидовите и тоалетите во салата. Тогаш Османи уверуваше дека нема ништо спорно за тоа како се потрошени парите и дека Постапката била во согласност со законите. Дури го натера обвинителството и антикорупциската да го проверат тендерот за пшто доби зелено светло. Но сегашните забелепшки не се како е спроведен тендерот, туку како и за што се потрошени парите, што преставива голема разлика.

Тој тврдеше дека го адаптирале спортскиот центар, изнајмувале маси, столови, разводни табли, завеси, драпери, кабли и светилки, но на крајот граѓаните ја платија фактурата, а до ден денес не е познато колкав дел од мебелот и опремата остана за државата, а што компанијата си поврати назад. Од  5-те милиони евра што се потрошија, дури 1,8 милиони завршија кај „Еуровиа“. Ќар од 120 илјади евра имаше и агенцијата „Рејтинг“ на Никола Спасов, синот на поранешниот министер на СДСМ Ѓорѓи Спасов.