Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

🎥 Рамиз Мерко зад себе ќе остави хаос – струшките училишта може да останат без греење

Рамиз Мерко кој дефинитивно си заминува од градоначалничката функција откако неговата партија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рамиз Мерко кој дефинитивно си заминува од градоначалничката функција откако неговата партија го извиси, како за инат не запира,среде зима илјадници ученици од Струга и струшко ќе ги остави да мрзнат на минусни температури.Нема намера да набави нафта и огревно дрво за нити едно од 12-те основни училишта. Удавени во долгови,не само што не ги извади од калта,туку на една недела до почетокот на учебната година,новата одлука,им ја соопштил преку допис.

„Согласно барањето што општината го испрати до ресорнотно министерство за отстапување на надлежностите во основното образование,ве известуваме дека постапката на набавка на огревно дрво и нафта треба да ја спроведете сами.А сите барања за неплатени фактури,опомени за тужба да ги испраќате до МОН“, велат од општина Струга.

Училиштата една година немаат платено за потрошената нафта, некои нити денар,оти парите кои ги добивале од општината не стигнувале за подмирување на режиските трошоци за струја, нафта,вода,потоа за превоз на ученици генерално,некои не се подмирени со години. Вкупниот долг за сите 12-те основи училишта е над 12 милиони евра. Повеќето од училиштата еден месец се и без струја,поради неплати сметки за 3 месеци ЕВН ги исклучи од напојување со електрична енергија.Причината е тоа што од мај училиштата не примиле блок-дотација од општината,вели за Алфа Мирослав Размоски,директор на едно од поголемите основни училишта во струшко.

Реклама

„Вкупниот долг на нашето училиште е околу 49.000 евра. Најголемите трошоци се за нафта,близу 32.000 евра.Блок-дотациите од општината ги покриваат само трошоците за електрична енергија, училишен материјал и средства за хигиена. Во моментов сметката не е блокирана, но поради последните опомени пред тужба постои голема веројатност повторно да биде блокирана, како што беше минатата година”, вели Мирослав Размоски ООУ”Св.Климент Охридски” с.Дрсјалца Струга.

Без струја наставниците се во незавидна положба бидејќи неможат да ги подготват за работа наставни програми кои се нови за оваа учебната година.

Се обратив и до ЕВН, не интересираше колкав е вкупниот долг на сите училишта кои не го подмириле сметките за струја, од кога датираат и колку  училишта се без струја: Контрекренен одговор не добивме, од таму се надеваат дека до почетокот на учебната година,долговите ќе бидат подмирени и дека ситуацијата ќе се надмине.