Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Гаши: Немам информации за тајно сценарио на СДСМ и ДУИ за хаос на изборите

Собранието влегува во изборен ритам, а спикерот Африм Гаши уверува дека институциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието влегува во изборен ритам, а спикерот Африм Гаши уверува дека институциите се подготвени да обезбедат фер и демократски избори. На првиот работен ден по одморите Гаши информираше дека поднел декларација до сите пратенички групи, со која народните избраници ќе се обврзат на фер игра за време на целиот изборен процес. Ова е прв ваков документ кој ќе биде изгласан во законодавниот дом.

„Очекувам декларацијата да биде усвоена со консензус на собраниска седница предвидена за 12 септември. Мислам дека тоа ќе најде на позитивна реакција кај граѓаните. Ова ќе биде за првпат од страна на Собранието да се донесе ваков документ со кој ќе испратиме посилна порака до граѓаните“, изјави Африм Гаши, претседателот на Собранието на Македонија.

Работата на пратениците продолжи денеска, по летниот омдор кој претходно беше прекинат на 16 август. Тогаш беше свикана итна седница за измените на Изборниот законик по скратена постапка, но предлогот не помина поради недостиг на Бадентерово мнозинство, откако против гласаа пратениците на ДУИ. Гаши денеска рече дека ако не ја свикале седницата тоа ќе значело дека Собранието не се обидело да ги донесе измените и немало да се знае кој е за, а кој против. За изборниот законик и независните кандидати, засега нема најава за ново гласање. На брифингот со новинарите во собранието денеска, Гаши кажа дека до него не стигнале никакви информации за некаква тајна соработка пред изборите меѓу СДСМ и ДУИ.

Реклама

„Нема информации за некаков договор меѓу СДСМ и ДУИ. Такви информации не дојдоа до мене. Проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се последни, како да се за живот или смрт. Локални избори треба да бидат за тоа што градоначалниците треба да понудат“, изјави Африм Гаши, претседателот на Собранието на Македонија..

Пред пратениците ќе се најдат и измените во законот за локална самоуправа со кои ќе има можност да се  отповикуваат градоначалници од функцијата, но законот ќе важи од следните локални избори. Првиот круг ќе се одржи на  19 октомври, вториот на 2 ноември, а изборната кампања почнува на 29 септември.