Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Обвинителството бара притвор за таткото кој претепа две деца на натпреварот Брегалница – Шкупи

Син му го исклучиле од игра, па тој на фудбалското игралиште претепал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Син му го исклучиле од игра, па тој на фудбалското игралиште претепал двајца малолетници.  Основното јавно обвинителство бара мерка притвор за 43 годишниот маж кој вчера на фудбалски терен во Штип, претепа играчи на штипска Брегалница. Ваквиот предлог до судија на претходна постапка е поднесен имајќи ги во предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред и мир, опасноста од бегање на осомничениот и можност за повторување на делото. Тој се терети за кривично дело-насилстo .

„Осомничниот извршил грубо насилство за време на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на двете деца родени 2010, играчи на тимот Брегалница, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Вчерашниот инцидентот на спортскиот терен „Бело Брдо„ во Штип, денеска го разгледуват и од ФФМ.

Реклама

Фудбалот не е и не смее да биде арена за физички натпревари, туку поле каде што се судруваат талентот, тактиката и спортскиот менталитет реагираат и од ФК Шкупи, од каде во целост  и се оградуват од „неспортскиот„ настан  што се случи во Штип. Директорот на клубот, Флорим Муча, повика ваквата ситуација да се надмине, а истовремено упати апел институциите да ги преземат сите неопходни мерки и сите вклучени лица во инцидентот да одговарат за своите постапки.

 „Како клуб со традиција и долга историја во нашата земја, ФК Шкупи апелира оваа ситуациј да се надмине и вакви инциденти да не се повторуваат во иднина. Духот на фер-плејот и љубовта кон фудбалот секогаш треба да бидат над се„ изјави Флорим Муча, директор на ФК Шкупи

Според обвинението настанот се случил во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра осомничениот кој играл за Шкупи. Незадоволен од одлуката најпрвин синот со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на Брегалница. Тогаш на терен влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удара двете деца, нанесувајќи им телесни повреди. На игралиштето влегле и дрги лица од публиката, кои спречиле натамошна ескаалација на настанот. Кај едното дете е констатирано скршеници на носот, а кај другото повреди на ногата. По укажаната лекарска помош  во штипската Клиничка болница, младите фудбалери се пуштени на домашно лекување.