Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Двајца фудбалери на „Брегалница“ претепани од родител на фудбалер на „Шкупи“, тепачот е уапсен

43-годишен маж е лишен од слобода по инцидентот на фудбалскиот терен Бело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

43-годишен маж е лишен од слобода по инцидентот на фудбалскиот терен Бело Брдо, во Штип, кога на утакмица помеѓу помлади пионери на фудбалските клубови Шкупи и Брегалница беа натепани дел од домашната екипа. Известен е јавен обвинител, а по расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни мерки.

На игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А. (43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош.

Бесот ескалирал петнаесетина минути пред самиот крај на утакмицата. Играч на Шкупи, незадоволен од одлуката на судијата, удрил играч на Брегалница. Ситуацијата излегла од контрола откако на фудбалскиот терен влегле и родителите на гостинските играчи, раскажува за Алфа генералниот секретар на ФК „Брегалница“, Александар Иванов.

Реклама

„При крај на натпреварот, играчот со број 9 од Шкупи доби црвен картон, по што настана препирка меѓу децата. Тој удри наше дете со бокс, при што влегоа родителите на Шкупи и ги нападнаа децата. Ние влеговме да ги браниме… Со какви повреди е детето? Мислам дека има скршеница на носот, изјави Александар Иванов, генерален секретар на ФК „Брегалница“ – Штип“

Во инцидентот повредени се две деца, информираат од штипската Клиничка болница, каде попладнево биле примени двајцата фудбалери. Нивната состојба е стабилна. Констатирани се телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, информираат од болницата.