Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Мемов: Костоски преку непотизам ги вработил мајка си, тетка си, сопругата и бројни пријатели и роднини

Си ги вработил мајката, сопругата, кумот и пријателите – сите згрижени на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Си ги вработил мајката, сопругата, кумот и пријателите – сите згрижени на државни функции, додека тој целата кариера си ја терал на буџетска плата. Фамилијарното стебло на пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, е длабоко вкоренето во државните институции на Македонија, а Куманово функционира како негова семејна фирма, обвинија од ЗНАМ. На денешниот прес, Мемов го обвини Костовски дека целиот политички живот се занимавал само со лично профитирање од буџетските пари и дека зад себе не оставил ниту едно видливо достигнување за граѓаните.

„Нема ни трага ни глас од некое негово дело во Куманово. Ниту една визија ниту еден успех. Но, затоа има цела приватна армија на вработени роднини и пријатели платени од народни пари. Ова не е политичар, ова е кариера на еден политички паразитизам. Само штета, само лаги, само штитење на своето семејно и политичко гнездо… Мајка вработена во ЈП пазариште. Тетка вработена во Министерството за одбрана, кои во меѓувреме дочекаа пензија таму. Сопруга вработена во општина Куманово, потоа префрлена во Министерството за надворешни работи. Кумашини, кумови, пријатели, низ сите државни институции и јавни претпријатија. Кумот советник, жената на кумот во градинка, другарите, професори и директори, сопруги, тетки и браќа, сите згрижени преку врски. Цела фамилија на грбот на народот“, изјави Никола Мемов од ЗНАМ.

Освен за непотизам, од ЗНАМ посочија дека Костовски промовира и лажен патриотизам и дека спротивно на Уставот, ја понижил Македонија со објавувањето на законот за Преспанскиот договор во Службен весник.

Реклама

„Наместо да го почитува Уставот, стана алатка за негово уривање, едновремено Костовски објави закон за употреба на јазиците без потпис на претседателот на државата, што е директно кршење на Уставот и тешко кривично дело. Злосторничко здружување и напад врз Уставниот поредок на државата. Истиот тој човек ја легализираше капитулацијата на Македонија преку објавување на таканаречениот Преспански договор“, изјави Никола Мемов од ЗНАМ.

Во пресрет на локалните избори пак, Мемов потврди дека ЗНАМ е во завршни преговори со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ, за заемна поддршка во општините Центар и Куманово и како низ повеќе други општини низ Македонија.