Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

🎥 Мицкоски од отчетот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ: Реконструирани 770 километри патишта, 400 училишта, 70-тина градинки

Победа уште во првиот круг. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Победа уште во првиот круг. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека најголем број од кандидатите на партијата ќе станат градоначалници уште при првото гласање на локалните избори. И покрај тоа што се соочиле со финансиски руинирани општини за време на владеењето на СДСМ, сепак ги исполниле ветувањата. Веќе од следната недела, ќе ги слушаат предлозите и идеите на граѓаните за да ја комплетираат предизборната програма со проекти за подобар живот на локално ниво. На саемот за отчет на работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кој се организира викендов во Скопје, Мицкоски рече дека во изминатите 4 години биле потрошени 500 милиони евра на капитални проекти, биле изградени патишта во вкупна должина од 770 километри, биле изградени десетици нови и реконструирани 70-тина градинки, биле модернизирани над 400 училишта и реализирани 274 спортски терени.

„Изграден нов полузатворен градски пазар на површина од 1200 м2 со обезбедни паркинг места во Штип. После долги години изграден е нов покриен пазар во Велес. Во завршна фаза е изградбата на модерен градски пазар со простории за трговија, катна гаража и канцеларии во Радовиш. Изградена е пречистителна станица за отпадни води во с. Видовиште со финансиска конструкција од 1,9 милиони денари. Направена е изградба и реконструкција на 20тина повеќенаменски спортски и детски игралишта во општина Охрид“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски изрази жал поради поддршката што на минатите локални избори им ја дал на градоначалници кои не го исполниле очекуваното. Вели грешка било што го вложил својот личен кредибилитет во нивна промоција. За претстојните локални избори очекува изобилство од негативна кампња од страна на опозициските СДСМ и ДУИ. Мицкоски нагласи дека овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во Владата и граѓаните тоа ќе го покажат на гласачките ливчиња, затоа што, како што рече, народот знаел дека тие се политички измамници, гробари на демократијата, слуги на криминалот и на своите лични привилегии.

Реклама

„Македонија ќе им каже не на СДСМ и ДУИ и „нема да се врати во минатото каде здружно го грабаа РЕК, купуваа трговски центри среде Скопје, внучињата стануваа познати милионери, играа фудбалчиња по институциите, се удираа во гради дека владеат со Македонија, а кога се смени власта усвет и мајка бежанија фатија за да не одговараат пред законот“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

По завршување на локалните избори, Мицкоски најави реконструкција на Владата, но и нови раководни имиња на партиско ниво. Вели дека тоа не значи дека постојните биле лоши или некадарни, туку на партијата и требале свежи идеи и посилно  иподинамично темпо на работа. Отворањето на вратите на партијата за нови кадри, според него е зголемување на капацитетите за градење на промени и успеси, не само на локално ниво, туку во цела Македонија.