Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Само поштенско сандаче, без канцеларија: Kоја е фирмата на која Арсовска ќе исплати 325.000 евра за скапа спортска опрема?

Втор ден молк од град Скопје. Нема одговор на прашањата на Алфа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор ден молк од град Скопје. Нема одговор на прашањата на Алфа, зошто, на само некој месец пред да си замине од функцијата, градоначалничката Данела Арсовска потпиша нов договор тежок над 320 илјади евра со компанија, која веројатно ѝ станала омилена во последно време. Станува збор за компанијата „ТЕРРАКОН ДООЕЛ“, со која покрај последниот тендер за набавка на спортска опрема, за помалку од една година, Градот склучил уште осум други договори, кои се однесуваат за јавни набавки во средните училишта – кои се под надлежност на Скопје.

Фантом фирма или реален партнер на Град Скопје? – Откако одговори од Арсовска не добивме, се упативме на адресата каде што е регистрирана компанијата „ТЕРРАКОН ДООЕЛ“, во скопски Центар. Наместо деловен простор или јасно видлива фирма, ќе наидете на зграда со повеќе станови и канцеларии, во кои никој од соседите не знае каде точно се наоѓа ова друштво. Во обид да добиеме на лице место одговор на прашањата на кој начин се склучувани спогодбите и договорите со Градот и зошто истите не се водени по пазарни цени, туку драстично поскапи, наидовме само на едно мало поштенско сандаче, на кое има залепено парче хартија со испечатени букви на фирмата.

„Ова е локацијата каде е регистрирана компанијата ТЕРРАКОН ДООЕЛ, но освен поштенското сандаче во влезот, нема никаков знак или ознака кое би покажало или би ги насочило луѓето да отидат во нивните канцеларии“

Реклама

Ниту една врата во објектот, за разлика од другите компании, не покажува дека таму постои ваква фирма. А телефонскиот број што може да се најде на интернет е непостоечки – од другата страна се слуша само пораката: „Избравте непостоечки број“.

Според достапните информации, освен Градот директно, муштерии на „ТЕРРАКОН“ се и повеќе средни училишта – „Марија Кири Склодовска“, „Димитар Влахов“, „Георги Димитров“, „Корчагин“… Вкупната вредност на набавките достигнува над 53 милиони и 320 илјади денари.

Иако основната дејност на компанијата е градежништво, тие испорачуваат спортска опрема, а анализата на договорите открива драстично повисоки цени од пазарните. На пример, мрежа за обрач на кошарка чини 1.652 денари – иако на пазарот е 300 до 500 денари. Масите за пинг-понг чинат речиси 55 илјади денари, а во продавница се 20 до 30 илјади. Душек за физичко – над 31 илјада денари. За брендирани тренерки и патики Градот плаќа по 14 до 18 илјади денари за парче. Дури и печатењето на лого на маица или тренерка се наплаќа 1.180 денари. Фирмата лани прикажала добивка од само 13 илјади денари, а претходната година нешто под 4,5 милиони.