Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Заврши рехабилитацијата на Пониква на повредените од дискотеката „Пулс“

Заврши проектот за рехабилитација на повредените во дискотеката Пулс, на Пониква. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши проектот за рехабилитација на повредените во дискотеката Пулс, на Пониква. Во изминатите неполни три месеци во одмаралиштето на МВР  околу 150 млади луѓе  добија интензивна  медицинска, психолошка и физикална поддршка. На Пониква, заминаа во три групи, а во двонеделната рехабилитација беа под надзор на лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија во Скопје и физиотерапевти од Кочани и Штип. Медицинскиот тим кој работеше со повредените е задоволен од постигнатите резултати, бидејќи како што велат во целиот процес пациентите, го дале максимумот од себе.   

  „Добивме максимум од секој пациент. Имаме добри резултати, кај дел од пациентите кои се полесно повредени функциите се враќат во нормала, тие што имат посериозни повреди кај нив процесот на заздравуваање е побавен. Меѓутоа, најважно од се е што процесот на рехабилитација кај сите пациенти оди во нагорна линија„ изјави д-р Никола Костадиновски, специјалист физијатар во Клиничка болница, Штип.

Процесот на рехабилитација, не завршува со проектот Пониква, со лекување и интензивни физикални вежби ќе се продолжи во штипската и кочанска болница.  Персоналот кои работи со повредените претходно помина и шестнеделна обука со англиската Организација за ургентна медицина  интернационален тим кој е единствен и сертифициран на светско ниво за обезбедување тренинг за рехабилитација на пациенти со тешки изгореници  

Реклама

   „Сега продолжуваме со рехабилитација во Општа болница во Кочани и во Клиничка болница, Штип. Моментално во Штип, имааме шестмина пациенти, но со затвараање на Пониква, се очекува бројот да се зголеми, додека во болницата во Кочани, бројот на пациенти ќе биде многу поголем„ рече д-р Никола Ккостадиновски, специјалист физијатар во Клиничка болница, Штип.

Одмаралиштето на МВР, да стане центар за рехабилитација беше поддржан од Владата, која обезбеди бесплатен третман за сите повредени. Претходно одмаралиштето беше преадаптирано според потребите на повредените, а дополнително во соработка со специјалисти беа спроведени и ПРП терапии.