Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Дождот им помогна на пожарникарите

Силниот дожд што ја зафати земјава успеа да изгасне поголем дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силниот дожд што ја зафати земјава успеа да изгасне поголем дел од пожарите во Македонија. Водата донесе олеснување и на најкритичниот терен – ловиштето „Јасен“. Сепак, и покрај обилните врнежи, на одредени места сè уште има чад. Од Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со екипите на „Јасен“, информираат дека работат на целосно расчистување на теренот и ликвидирање на сите жаришта каде што постои ризик од повторно разгорување. Во акцијата се користат и дронови со термални камери за прецизна контрола. Се уште се гаси во околината на Македонски Брод, критични се и подрачјата околу Прилеп. Во Сопиште, Кичево, Демир Хисар и Велес се целосно изгаснат. Дождот од изминатата ноќ најмногу помогна во северните и северозападните делови на државата.

„Се уште зад мене можам да забележам столбови на чад кои се издигаат од неколку жешки точки. Врз нив ќе продолжиме со пешадиско дејствување за да не дозволиме повторно будење на овој исклучително тежок за гасење пожар, затоа што на некои места имаме дебели слоеви од лисја од иглички, шишарки кои се исклучително горливи, а ветерот кој што постојано дува го менува правецот набрзо ќе ја исуши вегетацијата и постои можност од повторно будење на пожарот“, изјави Стојанче Ангелов – директор на ДЗС

Дека надлежните со сите сили и капацитети одлично се справуваат со пожарите годинава покажуваат и бројките. Во ланските пожари изгореа 61.000 хектари шума, годинава за сега изгоре драстично помалку односно 10.000 хектари на територијата на целата држава.

Реклама

Хибрид: Кирил Михаилов заменик директор на Македонски шуми

„02:39 Мислам дека само во месец јули имаме околу 9000 хектари зафатена површина…03:03 Доколку овие бројки ги споредиме со минатата година, оваа година сме далеку под тоа. Ако минатата година стигнавме до фрапантна бројка од 61.000 хектари, оваа година сме некаде околу 10.000, до овој момент. 03:43 Ако лани ја завршивме со огромна штета над 5 милијарди денари, до овој момент се движиме некаде до милијарда, што е многу помала но штета не е незначителна“, изјави Кирил

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат на силен ветер со брзина до 60 километри на час, кој во наредниот период може да го зголеми ризикот од ширење пожари на отворено. Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните да бидат внимателни, да не предизвикуваат оган на отворено и да го пријават секое сомнително однесување.