Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 „Јасен“ сè уште гори – се прави нов појас за локализирање на пожарот

Веќе втора недела надлежните со крајни напори го држат под контрола пожарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе втора недела надлежните со крајни напори го држат под контрола пожарот кај „Јасен“. Огнените јазици кои оставија пустош и пеплосана вегетација, во текот на ноќта се доближија до шумскиот пат кон езерото Козјак. Благодарение на навремено расчистениот терен, нивното ширење беше спречено. На терен се распоредени војници и полицајци од елитните единици „Волци“ и „Тигри“, претежно алпинисти, кои во опасни услови работеа на расчистување на појасот и сузбивање на огнената стихија. Во акцијата учествуваа и полициски и армиски хеликоптери, а од изутрината започна ризична операција за создавање нов противпожарен појас.

„Утрово започна и специфична и опасна операција за правење нов противпожарен појас на стрмниот гребен кој се спушта кон езерото, со цел огнот да биде целосно запрен. И покрај густиот чад, еден полициски и еден армиски хеликоптер веќе дејствуваат од рано утро, а се очекува приклучување и на ер трактор од ДЗС штом се расчисти видливоста“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Во моментов во Македонија се активни уште неколку пожари, но засега се без закана, бидејќи горат само трева и ниски грмушки. Дождот од почетокот на неделата помогна да се изгаснат најголемиот дел од пожарите во Македонија. Од покритичните места, сè уште гори во Прилеп, во атарот на селото Ливада, каде што е зафатена букова шума. Целосно изгаснати се пожарите во Гази Баба, Петровец, Струга и Студеничани. Надлежните предупредуваат дека и покрај подобрената состојба, опасноста останува – доволна е само една искра за да се разгори ново жариште.