Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Николоски најавува целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево

Целосно ќе се реконструира железничката линија од Скопје до Кичево. Владата донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосно ќе се реконструира железничката линија од Скопје до Кичево. Владата донесе одлука пругата да добие нов лик. Со грант од Европската Унија од 5,3 милиони евра ќе се изработува физибилити студија и подготвителна документација, како и нацрт текст за апликација за грант за инвестирање. Европската банка за обнова и развој треба да избере фирма консултант за изработка, а по истекот на 18-те месеци за изработка на физибилити студијата, ќе стартува изградбата. Проценките се дека пругата ќе се гради околу две и пол години, а ќе чини повеќе од 4 милиони евра по километар. Изградбата би требало да се одвива без поголеми застои, бидејќи таа ќе се обновува на сегашната траса, па ќе нема трошоци за експропријација на земјиштето.

Николоски информира дека државата на арбитража го добила случајот „Казандол“, со што се заштедиле потенцијално 115 милиони евра, пари кои неколку инвеститори ги барале како оштета. Тој вели дека постоело барање за спогодба до 45 милиони евра, но таа била одбиена, бидејќи Владата сметала со право дека аргументите се на страна на Македонија. Николоски смета дека државата ќе добие уште најмалку два случаи на арбитража.

Ќе се проверува и  целокупното работење на пет аероклубови, оператори на спортски аеродроми низ земјава. Владата усвоила заклучок за испитување на работата на спортските аеродроми Стенковец во близина на Скопје, како и оние во Битола, Куманово, Прилеп и Штип. Откако излегоа информации дека угостителски објект во Стенковец по првичната легализација на дивоградба, добил дозвола за реконструкција и проширување и на големо се рекламира како објект за одржување на свадби и веселби на енормно поголема квадратура, спротивно на закупената, кај надлежните се вклучи алармот дека можеби нешто не е како што треба и спротивно на прописите. Во следните две недели повеќе државни институции ќе го испитуваат правниот статус на операторите и нивната трансформација, како би се задржала основната дејност без закани за безбедноста на спортските аеродроми.