Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥Хартиените документи ќе заминат во историјата, претставен новиот систем за електронско управување со документи

Нема повеќе изгубени документи и предмети заборавени по фиоки. Чекањето во долги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повеќе изгубени документи и предмети заборавени по фиоки. Чекањето во долги редици во институциите за вадење на нови документи или едноставно само за потпис и печат – стануваат минато, со модернизираниот национален електронски систем за управување со документи што го претстави министерот за дигитална трасформација Стефан Андоновски. Новиот систем ќе овозможи електронско доставување на документи, нивна подготовка, обработка како и потпишување на истите, а подносителот ќе си го следи нивниот статус во реално време.

“Кога ја презедовме одговорноста за системот, затекнавме состојба која не одговара на потребите ниту на граѓаните, ниту на институциите. Станува збор за прескап, но дисфункционален систем кој се користи во само 20 институции. Во последните две години немало техничка поддршка, одржување или развој. Не постоеле стандарди за сајбер безбедност и никој не се грижел за безбедноста на системот. Честите прекини и падови го правеле системот нестабилен. Тој се користел исклучиво како електронска писарница, без примена на архивирање или дигитална обработка на документи” – изјави Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Со овие промени ќе се зголеми довербата на граѓаните во администрација, а за институциите ова ќе значи меѓусебна соработка и намалување на грешките. Министерот нагласи дека за полесно управување системот ќе биде поврзан со порталот услуги.гов.мк.

“Во сандачето на услуги.гов.мк вие ќе може да ги следите сите предмети кој што ги имате пред администрацијата. Тоа значи дека нема да треба да одите на нов сајт, да истражувате во специфичната институција каде ви е предметот, туку сите предмети кои што се со вас поврзани преку пребарувач ќе може да си ги најдете на овој портал независно дали сте аплицирале електронски или хартиено”- изјави Стефан Андоновски.

Во моментов се вклучени 20 институции што го користат системот, од кој најголем дел се министерства. До 2028 година, со новиот закон за архивско работење оваа платформа ќе биде воведена во сите државни институции.