Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 „Се подготвува теренот за средба Путин – Зеленски“

Се подготвува теренот за средба меѓу Зеленски и Путин – прва по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се подготвува теренот за средба меѓу Зеленски и Путин – прва по четиригодишната војна во Украина. Ваквиот развој на настаните доаѓа по средбите на Трамп со украинскиот и рускиот претседател. Средбата  според најавите треба да се случи во наредните две недели. Трамп за ова информираше по состанокот во Белата куќа со Зеленски и европските лидери.

„Му се јавив на претседателот Путин и започнав со подготовките за средба, на локација што ќе се утврди дополнително, меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски. По таа средба, ќе имаме трилатерала, на која би биле двајцата претседатели, плус мене“, напиша Доналд Трамп наво објава на неговата социјална мрежа Трут соуашал .

Јуриј ушаков, помошник на путин за надворешни работи, рече дека двете страни „изразиле поддршка за продолжување на директните разговори меѓу руската и украинската делегација“.

Реклама

Идејата за „подигнување на нивото на претставниците на украинската и руската страна“ била дискутирана за време на повикот, рече ушаков. Но, од изјавата на ушаков не беше јасно дали путин се согласил да се сретне со зеленски.

Зеленски на новинарите пред белата куќа по средбата им изјави дека ќе се сретне со путин без предуслови .

„Подготвени сме за трилатерална средба со Путин и ако Русија му предложи на претседателот на САД, билатерална средба, ќе ги видиме тогаш резултатите од истата, па ќе има триалатерална“, изјави Володомир Зеленски – претседател на Украина.

Европските лидери бараат да не се врши притисок врз Украина да се откаже од своите територии и сметаат дека непходни се гаранциите за безбеност на земјата.

„Мислам дека како продолжение веројатно ќе ни треба четиристран состанок, бидејќи кога зборуваме за безбедносни гаранции, зборуваме за целата безбедност на европскиот континент“, изјави Емануел Макрон – претседател на Франција.

„Не можам да замислам дека следниот состанок би се одржал без прекин на огнот, па ајде да работиме на тоа и да се обидеме да извршиме притисок врз Русија“, изјави Фридрих Мерц – германски канцелар.

„Среќна сум што дискутираме за ова и што почнуваме од предлог кој уште од почеток беше италијански – модел по примерот на Член 5. Ние секогаш сме подготвени да ги презентираме нашите предлози за мир и дијалог, за да изградиме заеднички пат кон траен мир и гарантирана безбедност“, изјави Џорџа мелони, премиерот на Италија.

Според американскиот претседател, по средбата Зеленски – Путин, ќе следи трилатерален состанок и со негово учество.