Дел од независните кои сакаат да се тркаат на локалните избори воопшто не биле толку независни и самостојни како што се преставуваат, туку зад некои од нив стои Радмила Шеќеринска и крилото на СДСМ кое и остана лојално по екскомуникацијата што и ја направи актулениот лидер Венко Филипче, неофицијално Алфа дознава од свои извори. Според нашите информации, главно станува збор за оние иницијативи и граѓански организации, кои се претставуваат како независни, но на јавноста и се добро познати по нивните релации со Сорос и со Шарената револуција, групи кои се почуствуваа изгирани од Заев, но сега и од Филипче. Алфа се обиде да добие коментар од Шекеринска на оваа тема, но засега нема никаков одговор.
Според професорот Самоил Малчевски редно е невладиниte да се одлучат, дали се невладини, владини или независни, и да не се менуваат по потреба.
Инаку, Шекеринска високо котираше во СДСМ пред неколку години, но во 2021, по катастрофалниот пораз на локалните изброи, пукна тиквата меѓу неа и тогашниот лидер Димитар Ковачевски. Ја обвини партијата за поразот на изборите, и рече дека социјалдемократите не ги научиле лекциите. Таа не беше дел од новата влада, а се погласно се зборуваше дека зад неа застанало скопското крило на СДСМ. Исто така, по доаѓањето на Филипче, Шекеринска остана на маргините на партијата, делумно и поради заминувањето на позицијата заменик генерален секретар на НАТО. Со поддршката на овие инцијативи, таа може да му нанесе дополнителен удар и на така веќе пропаднатиот рејтинг на СДСМ.

Во јавноста деновиве актуелна е темата за статусот на независните кандидати кои сакаат да одат на избори со независни советнички листи. Оваа година, неколку невладини организации најавија дека без разлика дали треба или не потписи за поднесување на листи, сепак тие ќе собираат потписи за да оформат партија. Засега независни листи се најавени за Центар и Карпош, општини во кои се очекува и најинтересна битка.

