Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Бизнис

🎥 Албанија и Грција и ова лето најбарани дестинации за летување

Македонците најмногу патуваат во Грција и Албанија ова лето. Според туристичките агенции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонците најмногу патуваат во Грција и Албанија ова лето. Според туристичките агенции причините се поради близината од една страна, а од друга страна покачените цени во ресортите во поатрактивните туристички дестинации. За седум дена во Грција на пример за приватно сместување треба да се одвојат од 500 евра па нагоре, додека пак за хотелско сместување цените се од 100 евра по вечер. Поевтино е  од втората половина на август и во септември кога има аранжмани и за 200 евра за една недела.

Египет, Турција, Италија, Тунис, се најбараните подалечни дестинации кои ги нудат домашните агенции за таканаречениот „all inclusive“ аранжман, но се бараат помалку од земјите во регионот.

Според дел од агенциите поскапени се ресортите кои порано нудеа атрактивни цени за една недела. Ако за седум дена до пред некоја година се плаќало по 700 евра, сега истата понуда чини околу 1500 евра. Дел од агенциите велат дека побарувачката е помала од лани, а добар дел од граѓаните се одлучуваат за летување во сопствен аранжман.

Реклама

Во последните години се забележува дека граѓаните наместо еднаш на одмор во „шпиц“ на сезона, одлучуваат да одат два или три пати на пример во јуни и на крај на август или во септември кога цените се поевтини. Се почест е и „викенд туризмот “.  Во текот на летото неретка е сликата од колони на границите особено за продолжени викенди кога македонците се упатуваат  кон грчките плажи.