Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Претставници на Бордот на директори на ЕБОР во петдневна посета на Македонија

Претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од денеска до 16 октомври 2026 година се во посета на земјава, во рамки на која се планирани состаноци со Владата, деловниот сектор, граѓанското општество и меѓународните партнери.

Како што соопштуваат од ЕБОР, посетата е дел од редовната серија консултации на претставниците на акционерите на конституенците во Банката, и ќе овозможи средби со високи владини претставници, претставници од деловната заедница, банкарскиот сектор, меѓународните партнери и организациите од цивилниот сектор. Директорите ќе ги посетат и компаниите од приватниот сектор, кои се поддржани од ЕБОР.

-За време на посетата, претставниците на ЕБОР ќе се сретнат со премиерот Христијан Мицкоски и заменик премиерот и министер за транспорт Александар Николовски. Состаноците се планирани и со претставници на министерствата одговорни за енергетика, екологија, финансии и надворешни работи, како и Градоначалникот на Скопје и претставници на Народната банка, наведуваат од ЕБОР.

Реклама

Бордот на ЕБОР ќе биде претставен од: Рене Ван Хел, Директор за Холандија, Кина, Северна Македонија, Арменија и Монголија, кој воедно е домаќин на посетата, Лилиана де са Кирчкноф, Директор за Швајцарија, Украина, Лихтенштајн, Србија, Узбекистан, Таџикистан, Црна Гора и Туркменистан, Магали Чејзена, Директор за Франција, Алициа Варела, Заменик директор за Шпанија, Мексико, Ирак и Сенегал, Лука Лазароли, Директор за Европската инвестициона банка,
Брендан О’Конор, Директор за Ирска, Данска, Литванија, Косово и Кенија, Тамас Војнитс, Директор за Унгарија, Чешка, Словачка Република, Хрватска и Грузија, Умберто Бернардо, Заменик директор за Италија, и Филипо Мунистери, помошник директор за ЕУ.

Делегацијата ќе биде придружувама од Дивја Чавла Јиндал, главен банкар во одделот на Бордот и институционални работи, како и Гжегож Зиелински, извршен директор за југо-источна Европа, ЕБОР и Олег Левитин, директор на политичкиот оддел во ЕБОР.

Програмата на повеќедневната посета, се посочува, ќе опфати разговори со организации од цивилното општество, во врска со владеењето, транспарентноста, конкурентноста, пристапувањето до Европската Унија, зелената транзиција, родова еднаквост и економска инклузија, директорите ќе разменат и мислења за локалните компании, претпријатијата, комерцијалните банки, дипломатските претставништва и меѓународните развојни партнери.

Делегацијата ќе ги посети Варус и Макпрогрес, кои се клиенти на ЕБОР, и ќе оствари средба со менаџментот на компаниите за да се запознае со работењето на компаниите, нивните развојни планови и искуствата на соработката со ЕБОР. Посетата на Макпрогрес ќе го опфати и разгледување на центарот за истражување и развој, како и новите капацитети за производство на вафли.

ЕБОР има инвестирано во Северна Македонија скоро ЕУР 3,2 милијарди, во 219 проекти. Моменталните приоритети се насочени кон зајакнување на интеграцијата и поврзаноста, забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина, и поддшка на поконкурентни, инклузивни и добро-управувани економии.