Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Клековски во Белград: Соработка со референтните здравствени институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски престојуваше во работна посета на Белград, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Сашо Клековски престојуваше во работна посета на Белград, каде остварил средба со министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар и го посетил Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС).

Клековски се заблагодарил на  министерот Лончар за помошта што Србија ја пружеше од првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри, како што информираат од Министерството за здравство, разговарале за натамошното лекување на повредените од Кочани во српските здравствени установи, според претходната иницијатива.

Во фокусот на средбата била соработката со референтните институции во Србија за високоспецијализирана здравствена заштита и зајакнувањето на капацитетите во Македонија, преку: упатување на лекување и високоспецијализирана помош за сложени состојби; второ мислење и стручни консултации со заеднички стручни тимови за сложени случаи; партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Македонија – практична обука, стручни престои и менторство на клиничките тимови.

Реклама

Министрите разговале и за дигитализацијата и интероперабилноста на здравствените информациски системи, со интеграција на податоците од јавниот и приватниот сектор. Разговарале и за системот „Мој термин“ кој Србија го користи, а кој е развиен во Македонија.

Во Универзитетскиот клинички центар на Србија, најголемата здравствена установа во Србија, министерот Клековски се сретнал со в.д. директорката, проф. д-р Јелена Друловиќ.

На средбата е разговарано за можностите за соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје, за упатување на пациенти со сложени состојби, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските клинички тимови. Разговарале и за организациски прашања, а потоа ја посетиле Клиниката за неврологија, со фокус на згрижување на лицата со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза.

-Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома – истакнал Клековски.

Министерот Клековски во текот на посетата бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Србија, Никола Тупанчевски.