Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Што го тера СДСМ, да објавува соопштенија во 22 часот и да шират лаги, ги надвладеа ли паниката од сопствен распад?

Што ли ги тера во 22 часот да објавуваат соопштенија и да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што ли ги тера во 22 часот да објавуваат соопштенија и да шират лаги? Стравот од избори? Рејтингот на дното? Паниката од сопствениот распад?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ, наместо да размислува како да ја врати довербата кај граѓаните, избира пред полноќ да фантазира и да лаже за ВМРО-ДПМНЕ и за Владата. Веројатно, кога денот ќе им заврши со анкети во кои се рангирани под праг, со внатрепартиски кавги, несогласувања и невозможност да најдат кандидати подготвени да изгубат како градоначалници, им останува само тастатурата во доцните часови“, потенцираат во реаквијата на СДСМ.

„Ајде да ги разбиеме нивните лаги:

Реклама

– Во нивно време, земјата тонееше, а денес:

Инфлацијата е намалена и стабилизирана;

Буџетот има 16% повисока наплата на приходи;

Платите растат во сите сектори;

Стопанството има поддршка со конкретни мерки и проекти.

– За „немање на капитални инвестиции“: само во првите 100 дена од оваа Влада, капиталните проекти се ревитализирани, а во тек е реализација на најголемиот капитален план досега.

– За енергетиката: токму оваа Влада ги наполни хидроакумулациите, РЕК Битола работи со полн капацитет, а државата ја враќа енергетската стабилност што СДСМ ја уништи.

– За „луксузирањето“: СДСМ последна партија треба да зборува за тоа. Да ги потсетиме ли на Заевите автомобили, патувањата на Филипче, нивните тендер-тури? Секој збор од нив е лицемерие на квадрат.

СДСМ не може да поднесе што Македонија оди напред без нив. Затоа панично објавуваат соопштенија во 22 часот, барајќи утеха во лажни тези и манипулации“, нотираат во соопштението.

Но, народот не им верува повеќе. Не им поминува ниту старата плоча, ниту новите измислици. Останете си во мракот на лажните соопштенија, а ние ќе работиме – на светло, транспарентно и одговорно. И ќе победуваме. Повторно, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.