Реклама

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

Македонија

ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре

Јавното обвинителство попладнево информираше дека Основното јавно обвинителство Битола и СВР Битола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство попладнево информираше дека Основното јавно обвинителство Битола и СВР Битола постапуваат во случајот со примање поткуп кај медицинско лице од ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола.

Од Јавното обвинителство информираат дека се работи за докторка и повеќе информации најавуваат во текот на утрешниот ден.

– ОЈО Битола и СВР Битола постапуваат за кривично дело примање поткуп од осомничена докторка. Се уште се преземаат дејствија, така што повеќе информации во текот на утрешниот ден, велат од ЈО.

Реклама

Претходно, од Министерството за здравство информираа дека иницирале покренување на дицисплинска постапка против медицинското лице и ги повикаа граѓаните да пријавуваат случаи на корупција.